ЦРВЕНО МОРЕ И ШАРМ ЕЛ ШЕИК
Егзотичен, монденски, луксузен... Шарм Ел Шеик е бисер на Црвеното Море
FIRST MINUTE ПОПУСТИ & ПРОМОЦИИ
Со Чартер летови Ве носиме дирекно до брегот на Црвеното Море. Искористете ги големите Early Booking попусти за рани - "First Minute" резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, Last Minute акции; или контактирајте со наш агент за подетални информации....
» Погледнете ја понудата и пронајдете го Вашиот идеален пакет аранжман
ШАРМ ЕЛ ШЕИК
На туристите ширум целиот свет синоним за Египет не им се само пирамидите и бројните културно-историски споменици, туку и прекрасното Црвено Море кое со својата топлина , боја и кристално бистра, чиста вода, волшебниот подводен свет кој е многу интересен за љубителите на нуркање, неверојатните плажи, луксузните хотели и ресторани на неговиот брег и активниот ноќен живот, нуди незаборавен и совршен одмор во тек на целата година
Sharm El Sheikh е монденско летувалиште сместено во Азискиот дел на Египет, на самиот југ на Синајскиот полуостров, на 480км. од главниот град Каиро.
Поволната клима и исклучителната географска положба многу силно влијаеле Шарм да израсне во едно од најубавите и најпопуларни летувалишта . Овде сонцето грее во тек на целата година а покрај брегот се протегаат прекрасни, песочни плажи со плитки делови погодни за летување на семејства со деца како и фантастични, колоритни и богати со најразлични тропски риби, корални гребени за љубителите на нуркање.
Морето е исклучително топло, со боја на тиркиз која го одзема здивот а пејсажот станува уште по нестварен заради пустињата во неговата позадина .
Самиот брег кој има три прекрасни, корални заливи : Na’ama Bay, Sharks Bay i Nabqa Bay, опколени со Бедуински населби и планински масиви, се простира по должина од 40км.
Најпознат туристички центар на Sharm El Sheikh е заливот Na’ama Bay, со шеталиште долго 3км. на кое се наоѓаат повеќе луксузни хотелски комплекси, ресторани, кафулиња, продавници и дискотеки што го прави да биде срце на случувањата и на вечерните забави.
Покрај спортовите на вода, нуркањето, едрењето, крстарењето, возење си џипови и јавање на камили ноз пустињата, на гостите им се нуди и можност за посета на Православниот Манастир Света Катерина и Мојсиева Гора, посета на Ерусалим ( Израел ), на Античкиот град Петра во Јордан како и на блискиот, прекрасен и единствен во светот од тој вид, националниот парк Рас Мухамед.
Со кристално чистото, топло и тропско море, нестварниот подводен свет, модерните и луксузни хотели, превкусната храна, љубезните домаќини, возбудливиот ноќен живот, егзотичната музика, ориенталните танци и волшебната историја на Египет можеме бескомпромисно да потврдиме дека Шарм Ел Шеик или Азурниот брег на Африка, како што уште го нарекуваат поради неговата бајковите убавина, претставува една од најпопуларните и најпривлечни дестинации во овој дел од светот.