Локација: Хотелот се наоѓа на одлична локација веднаш до плажата во Кемер, опкружен со зеленило. Зафаќа површина од 17.000 во регионот Камјува, 7 км од градот Кемер, 70 км од аеродромот во Анталија. Хотелот располага со 214 соби.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 214 сместувачки единици.
Сите соби се опремени бања со када или туш, фен, централна клима која работи според временските услови, директна телефонска линија, сеф, мини бар (водата се надополнува секој ден), сателитска ТВ и музички канали, ламинат, балкон или тераса. WiFi (се доплаќа). Стандардните соби се со големина од околу 28 м2, спална соба со брачен кревет или два стандардни кревети + софа, бања, за макс 3 возрасни + 1 дете.
Семејните соби се со големина од околу 55 м2, две спални соби одделени со врата, една бања, за макс 4 возрасни + 1 дете.
Со доплата: увезени и флаширани пијалоци, цедени сокови, услуга во соба, интернет кафе, масажи, спа центар, спортови на вода, билијард, тениски терени и рекети со депозит, осветлување на тениски терени, Wi-Fi, хемиско чистење, телефон, електронски игри , PC игри, нуркање, лекарски услуги, турско кафе, наргиле, пијалоци во диско.
Содржини: Главен ресторан, неколку барови, надворешен базен, детски базен, турска бања, сауна, Wi-Fi интернет во заедничките простории (со доплата), мини клуб за деца од 4-12 години, фитнес, одбојка на плажа, пинг-понг , тениско игралиште.
Плажа: Хотелската плажа е песочна со камчиња. Лежалки, пешкири и чадори на плажа се бесплатни.