Локација: Луксузен хотел со богати објекти и прекрасна природна околина. Се наоѓа на 8 км од центарот на Бодрум и на 29 км од аеродромот. Зафаќа површина од дури 200.000 м2. Отворен е во 2013 година, а последен пат е реновиран во 2019 година.
Соби: Сите соби во хотелот се климатизирани (централен клима уред), и се опремени со сателитска ТВ, телефон, сеф (бесплатен), WiFi интернет (бесплатен), мини бар, чај и кафе, фен, балкон или тераса.
Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан, 4 a la carte ресторани, ВИП ресторан , 11 барови, 4 конференциски сали , WiFi интернет во хотелот (бесплатно), теретана, СПА центар со сауна, турска бања, парна бања, џакузи, продавници, фризер, услуги за перење и пеглање, хемиско чистење.
Спорт и забава: Хотелот во својата понуда има 3 надворешни базени, затворен базен, аква парк со 20 тобогани, тениско игралиште , изнајмување тениски рекет и опрема (бесплатно), футсал, пинг-понг, пикадо, аеробик, одбојка на плажа, анимации, музика во живо, диско, 3 детски клубови, забавен парк, картинг за деца, дино парк, детски ресторан, детски базен, детско игралиште. видео игри, различни спортови на вода, билјард и куглање.
Плажа: Хотелот има песочна плажа која е долга 500 метри. Покрај песочниот дел, има и две платформи за сончање. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа се бесплатни за гостите во хотелот.