Локација: Комплексот TUI Magic Life Belek, поранешен Asteria Club Belek, се наоѓа на 24 км од аеродромот во Анталија и 33 км од градот Анталија, додека центарот на Белек е на само 10км. Хотелот е отворен во 1994 година и зафаќа површина од 125.000 м2 со многу зеленило.
Сместување: Располага со вкупно 600 соби распоредени во 20 двоспратни и троспратни бунгалови. Секоја соба има балкон или тераса, сеф (бесплатен), телефон, сателитска ТВ, мини бар (бесплатен), фен за коса и централен клима уред.Стандардните соби имаат 28м2 и некои од ниц се за макс. 3 лица додека некои се за 2+2 (кревети на спрат), додека фамилијарните соби зафаќаат 45м2 и се состојат од 2 спални со 1 тоалет. Економските / промо соби се помали - 23м2.
Содржина: Главен ресторан, неколку А la-carte ресторани (рибен, италијански, кинески и турски) во кои гостите имаат право да вечераат еднаш во престој со претходно закажување на рецепција, повеќе барови низ целиот комплекс, паркинг, WiFi интернет на јавни места, диско, а со доплата се фризерски услуги и услуги за салони за убавина, видео игри, Интернет кафе, перење, услуги за пеглање и хемиско чистење, доктор и дадилка.
Спорт и забава: 4 отворени базени, базен за деца, базен за бебиња, СПА центар, фитнес центар, детски клубови (4-11 и 13-16 години), сквош игралишта, тенис, фудбал, стрелаштво, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, фудбал за деца.
Плажа: Сопствена плажа долга 250 метри ( сино знаме) со песок и ситни камчиња, лежалки и чадори за сонце, крпи за плажа, бар на плажа.