Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Titanic Deluxe Golf Belek
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот се наоѓа во регионот Лара – Анталија, директно на сопствена песочна плажа долга околу 350 м. Од центарот на Анталија е оддалечен приближно 12 км, а од аеродромот околу 10 км. Отворен е во мај 2003 година, а последно е реновиран во 2014 година. Се простира на површина од околу 95.000 м². Главната зграда, со впечатлив дизајн во форма на брод, има 9 ката, додека во хотелската градина се наоѓа анекс-зграда со семејни соби. Вкупниот капацитет изнесува 586 соби, при што собите во анексот се поедноставно опремени во споредба со оние во главната зграда.

Хотелска содржина:
На гостите им се на располагање рецепција, пространо лоби, главен ресторан и повеќе à la carte ресторани: BBQ ресторан, италијански, рибен, јапонски и steak ресторан. Хотелот располага со повеќе барови, посластичарница и детски бифе. На отворено има голем базен со површина од 4.500 м², полууолимписки и олимписки базен изработен според меѓународни стандарди, затворен базен и аква парк со тобогани (за деца постари од 6 години, според хотелски распоред). Дополнително: SPA центар, две сауни, хамам, џакузи, парна бања, фитнес центар, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, ватерполо, дневна и вечерна анимација, жива музика, бесплатен Wi-Fi интернет, остава за багаж и паркинг.

Содржини за деца:
За најмладите се организирани Tini Kids мини-клуб (4–7 години), Junior клуб (8–11 години) и тинејџерски клуб (12–16 години), детско игралиште, надворешен базен со тобогани, детски бифе и разновидна анимациска програма.

Услуги со доплата:
Со доплата се користат одредени увозни и premium пијалаци, флаширани пијалаци и свежо цедени сокови, à la carte ресторани со претходна резервација (околу 25 € по лице), користење на олимписки и полууолимписки базен, осветлување и опрема за тенис, куглана (4 патеки), фудбалски терен, спортови на вода, билијард, SPA центар, масажи и козметички третмани, конференциска сала, бутици, сувенирница, фотограф, лекар на повик, перална, услуга за чување деца и room service.

Плажа:
Хотелот располага со сопствена приватна песочна плажа со должина од околу 350 м и површина од приближно 12.000 м², со плажен бар. Користењето на лежалки, чадори и душеци е бесплатно, додека пешкирите се добиваат со картичка. Приватни павилјони се достапни со претходна резервација и доплата.

Соби:
Собите се опремени со клима уред, телефон, LCD SAT TV, бесплатен Wi-Fi интернет, сеф, мини-бар, кетлер со сет за чај и кафе, фен, купатило и балкон или тераса.

Исхрана:
Deluxe All Inclusive концепт: појадок, ручек и вечера на база на самопослужување, полноќна ужина, ужини во текот на денот, сладолед на одредени локации, диетален и вегански мени, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци. Во понудата е вклучена и хотелската посластичарница.