Локација: Хотелот се наоѓа на 10 км од центарот на Шарм Ел Шеик и 22 км до аеродромот во Шарм Ел Шеик.
Сoби: Хотелот има вкупно 271 соба. Сите соби се со балкон или тераса со поглед на градина или кон море. Секоја соба е опремена со ТВ со рамен екран и клима уред, туш, купатило, исто така и фен и бањарки.
Хотелски содржини: Во хотелот има главен ресторан и 4 а ла карт ресторани со вкусови од Азија, вклучувајќи и суши бар. Во морската храна може да се ужива во ресторанот Фелука и италијанската кујна е достапна во италијанскиот ресторан Базилико. Исто така во ресторанот Гамила можете да уживате во ориентална храна. Бесплатен WiFi пристап е достапен во сите делови на хотелот.
Спорт и забава: Хотелот има 4 надворешни базени, Спа центар кој вклучува сауна, парна соба и турска бања. Може да се организираат масажи и третмани на телото, како и програми за велнес. Во хотелот е достапен и центар за убавина.
Плажа: Хотелот има сопствена приватна плажа со бесплатна употреба на лежалки и чадори.