Локација: Хотелот се наоѓа на 9 километри од аеродромот во Шарм ел Шеик, на 8 километри од плоштадот Soho Square и на 11 километри од Naama Bay .
Сoби: Хотелот има вкупно 420 соби. Сите модерни соби во Sunrise Arabian Beach Resort се елегантно украсени во арапски стил и имаат приватна балкон или тераса. Исто така се опремени со клима, сателитска ТВ со рамен екран и приватна бања.
Хотелски содржини: Гостите можат да уживаат во различниот избор на менија кои вклучуваат Индиска, Тајландска, Италијанска, Француска и Интернационална кујна. Хотелот има дискотека, бизнис центар, фитнес центар, бесплатна Wi Fi конекција
Спорт и забава: Хотелот има два внатрешни и четири надворешни базени, базен за деца, детско игралиште. Совршен за релаксирање и обновување на енергија, велнес центарот располага со парна соба и сауна, услуги за масажи на плажа, добро опремена теретана и избор на различни спортови на вода.
Плажа: Хотелот има сопствена приватна плажа со бесплатна употреба на лежалки и чадори, во познатата област на Sharks Bay, со поглед кон островот Tiran.
.