Локација: Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac на 90км од аеродромот во Antalya и 10км од Manavgat.
Сместување: Хотелот има вкупно 811 соби во главната зграда и 18 соби во Club зграда. Сите соби се опремени со приватно купатило со када или туш и фен, централен клима уред (кој работи според временските услови), телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво ској ден), сет од кафе и чај, сеф, тепих на под во главна зграда и паркет во club собите, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Содржина: Хотелот има главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Akdeniz (Медитеранска кујна), Santa Lucia (Италијанска кујна), Moulin Rouge (Француска кујна), Volga (Руска кујна), Ganesha (Индиска кујна), Tepenyaki (Јапонска кујна), Miyako (кујна од Далечен Исток), Azteka (Мексиканска кујна), Sini* (Турска кујна), Sunset (Тибен ресторан)*, Mongol* (Монголска кујна) и Скара ресторан*, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, рент а кар, услуга за перење и сушење се доплаќаат. WI-FI интернет конекција со ниска брзина е бесплатна во целиот хотел.
Спорт и Забава: Хотелот има надворешни и внатрешни базени (има еден Thalasso базен надворешен и внатрешен се доплаќа, и Secret базен само за VIP гости (се доплаќа), аква парк, фитнес центар, сауна, Турска бања, сквош, ѕид за искачување, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал. Услуги со доплата: спортови на вода Secret базен само за VIP гости, куглање, компјутерски игри, тениски терени со земјена подлога(30), часови по тенис, мини голф, SPA центар, уметничко лизгање (мин. 20 лица и 4 дена порано треба да се пријават), клуб за јавање коњи, професионални фудбалски игралишта. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, навечер различни шоуа и специјални програми. За деца од 04-12 години има мини клуб, со програми во текот на денот и навечер.
Плажа: Хотелот има Хотелска песочно камчеста плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа за гостите на хотелот. Приватните павиљони се со претходна резервација и се доплаќаат.