Локација: Хотелот се наоѓа во Лара. Оддалечен е 11 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот. Отворен е во 2019 година. Зафаќа површина од 19 000 м2.
Плажа: Хотелот има прекрасна песочна приватна плажа која е оддалечена 700м. До плажата се стигнува со поминување на улица. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за на плажа се бесплатни, како и барот на плажа и ресторанот за брза храна.
Сместување: Хотелскиот комплекс се состои од 230 соби сместени во една главна зграда, со два блока на шест ката. Сите соби имаат клима уред, сеф , мини бар, ТВ, телефон, фен, балкон. Покрај основните удобности, Делукс супериор апартманите располагаат и со опремена кујна, како и машина за перење.
Содржини: Хотелот има главен и À la Сarte ресторани, 3 бара, 3 надворешни базени, затворен базен, 10 тобогани, WiFi во лобито, турска бања, сауна, пикадо, пинг-понг, куглање, мини фудбал, аеробик, аквабик, теретана , 2 детски базени, детско мени, мини клуб (4-12 години). Со доплата се следните услуги: масажи, СПА центар, спортови на вода, услуги на лекар, дадилки, фризер, перална и пеглање.