Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Лара, на 10 км од аеродромот во Анталија и на 10 км од центарот на Анталија.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 500 соби. Сите соби се опремени со телевизор, тоалет, фен за коса, мини бар, клима уред, сеф, сет за чај и кафе, интернет.
Содржини: Хотелот располага со главен ресторан, A’la Сarte ресторани: Sapore – Италијанска кујна, Lalezar – Турска кујна, Selenge - Монголска кујна, снек ресторан, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, диско клуб. Услуги на доктор, чување деца, перална, услуга во соба, фризер, rent a car, шопинг центар, телефон, факс и компјутерски игри дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Спорт и забава: Хотелот има два отворени базени за возрасни и два за деца, затворен базен за возрасни и деца, Аква парк (6 лизгалици за возрасни и 3 за деца), фитнес центар, Турска бања, сауна, џакузи, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, водени спортови. Осветлување за тениските игралишта и опрема, билијард, куглање, масажа, салон за убавина и SPA центарот, компјутерски игри, моторните водени спортови дополнително се наплаќаат. Забавна програма во текот на денот и специјална шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 и тинејџерски клуб од 13 – 17 со специјална програма.
Плажа: Песочна хотелска плажа, со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплаќаат.