Локација: Sheraton Sharm е идеален хотел за одмор кој се наоѓа на 4км од центарот на Naama Bay и 7км од аеродромот.
Сoби: Хотелот има 835 соби и апартмани, раскошно уредени со поглед према морето. Сите соби се климатизирани и опремени со купатило, фен, сателитска телевизија, телефон, минибар, сеф и балкон.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, гостите ги имаат на располагање и a la carte рестораните со италијанска, тајландска, морска, интернационална и домашна храна. Хотелот има голем број на барови, СПА центар, фитнес центар, дискотека, шопинг центар, салон за убавина. Wi Fi конекцијата е бесплатна во хотелското лоби.
Спорт и забава: Хотелот содржи 7 надворешни базени за возрасни и 2 детски базени, терени за тенис и мини голф, мини клуб за деца и аниматорски тим.
Плажа: Хотелот се наоѓа на брегот El-Pasha, на еден од најубавите корални гребени на светот, добро познат на љубителите на нуркање.