Локација: Луксузно уреден хотел, од добро познатиот ланец на хотели. Се наоѓа во туристичката област Nabq Bay на 23 км од центарот Naama Bay и на 9км од аеродромот.
Сoби: Хотелот има 783 соби кои се климатизирани и опремени со телевизор со рамен екран, купатило, сеф и мини бар. Сите соби имаат балкон со поглед према градината или базенот.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот има 6 луксузни a la carte ресторани со содржина од светските кујни, 9 барови, слаткарница, шопинг центар и менувачница. Wi Fi конекцијата е достапна низ целиот објект.
Спорт и забава: Хотелот има 7 надворешни базени и 1 внатрешен, го има еден од најголемите забавни паркови во овој регион Rixos Sea Gate Adventure Park,терени за тенис, фудбал, и различни спортови на вода. Модерно опремени СПА и фитнес центри, со џакузи, сауна, парна бања и современи справи за вежбање , простории за масажи и третмани и козметички салон. За најмладите гости има целодневна анимација, мини клуб, базен, кино и ресторан за деца.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа со раскошен корален гребен, која е опремена со бесплатни лежалки, чадори и пешкири и понтонски мост за влез во вода.