Локација: Овој хотел се наоѓа во срцето на Sharm El Sheikh и е на само 10 минути пешачко растојание од центарот на Naama Bay и 15 минути возење од аеродромот.
Сoби: Хотелот има 143 соби и сите се опремени со купатило, фен, мини бар, сателитска, клима, сеф и балкон.
Хотелски содржини: Располага со 2 ресторани каде се служи интернационална кујна и неколку барови. Во склопот на хотелот има и СПА и фитнес центар, менувачница, продавница и бесплатен WiFi во лобито.
Спорт и забава: Хотелот има 5 базени, од кои еден е со одвоен дел за деца. Исто така се достапни и спортови на вода, гњурење, билијард, пикадо и одбојка. За најмладите има и деткси клуб и игралиште.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа.