Локација: Хотелот е изграден во арапско марокански стил, се наоѓа на плажата Montazah, на 20км од Naama Bay и на 10км од аеродромот.
Сoби: Хотелот има 317 соби. Сите соби се климатизирани и опремени со купатило, фен, сателитска телевизија, сеф, минибар и балкон.
Хотелски содржини: Во хотелот има 2 ресторани, 3 барови, дискотека, продавници, менувачница, козметички салон. Wi Fi конекцијата е бесплатна во хотелското лоби.
Спорт и забава: Гостите на раполагање имаат неколку надворешни базени, терени за тенис, одбојка, центар за водени спортови, СПА центар со џакузи, фитнес, парна бања и простории за масажи. За најмладите има детски базен, мини клуб и игралиште.
Плажа: Хотелската плажа има песочен влез, а за љубителите на гнурење достапен е корален гребен со понтонски мост за влез.