Локација: Elysees се наоѓа на 500 метри од шеталиштето/туристичкиот центар Мемша, на 5 км од Сакала и 6км од аеродромот.
Соби: Хотелот се состои од 3 згради, има 280 соби и апартмани. Сите соби имаат бања (туш / тоалет), фен, сателитска ТВ, телефон, сеф, мини бар и климатизација. Повеќето соби немаат балкон / тераса, туку само прозорец од таван до под.
Содржини: Хотелот е наменет за помладите гости и има еден главен ресторан, a la carte ресторан на плажа, бар покрај базенот и 2 на плажа, диско, фризер, менувачница, банкомат, интернет кафе, продавници и сервис за перење и пеглање.
Спорт и забава: Во рамките на хотелскиот комплекс, има 2 отворени базени за возрасни (еден во зима на греење) и еден за деца, фитнес, спортови на вода, пинг-понг, билијард, одбојка на плажа, нуркање, Спа на плажа (соба за масажа, парна бања, сауни, џакузи, фитнес) и анимација. Хотелот за најмладите гости има игралиште на плажа.
Плажа: Има приватна плажа, која е одвоена преку улица (постои пешачки мост). Плажата има два дела со песочни лагуни и два понтони.