Локација: Хотелот зафаќа површина од над 75.000 м2. Оддалечен е 7 км од туристичкиот центар Naama bay и околу 23 км од аеродромот во Шарм ел Шеик.
Сoби: Хотелот има вкупно 468 соби. Сите соби се климатизирани и опремени со балкон или тераса, сателитска телевизија со рамен екран, купатило, фен и минибар.
Хотелски содржини: Хотелот располага со 24 часа услуга на рецепција, главен ресторан, а ла карт ресторани , лоби бар, бар покрај базен и бар на плажа, бесплатна Wi-Fi конекција во лоби.
Спорт и забава: Хотелот нуди 3 отворени базени, детски базен, детско игралиште, спа центар, пинг понг, различни спортови на вода и центар за нуркање.
Плажа: Хотелот има своја песочна плажа со бесплатна употреба на лежалки и чадори , каде што во морето се влегува преку понтон заради коралниот гребен што е веднаш до плажата.