Локација
Hotel Delamar 4* (Adults Only 18+) се наоѓа во самиот центар на Lloret de Mar, на главната улица, на само 100 m од градската плажа. Благодарение на централната позиција, во непосредна близина се наоѓаат бројни ресторани, барови, клубови и продавници, што го прави хотелот одличен избор за гости кои сакаат активен и урбан одмор. Главната автобуска станица е оддалечена околу 750 m, а аеродромот во Барселона околу 90 km.
Соби и сместување
Хотелот располага со модерно уредени Standard соби наменети за максимум две возрасни лица. Сите соби имаат клима уред, ТВ, бесплатен Wi-Fi, сеф, минибар (со доплата), апарат за кафе и чај, како и балкон или тераса. Купатилата се опремени со туш или када и фен за коса.
Содржини
Hotel Delamar нуди современи содржини со rooftop базен и тераса за сончање со пријатна атмосфера. На располагање се ресторан, snack бар, фитнес центар и spa зона за релаксација. Гостите можат да користат и дополнителни услуги како изнајмување велосипеди, билјард и паркинг. Бесплатен Wi-Fi е достапен во хотелските простории.
Плажа
Хотелот се наоѓа на само 100 m од градската песочна плажа, до која се стигнува за неколку минути пеш. Лежалки и чадори за сонце се достапни со доплата. Во близина се наоѓаат и плажите Llevant, Platja de l'Astillero и Platja de les Caletes.
Напомени
Hotel Delamar е Adults Only (18+) хотел, идеален за парови и индивидуални патници кои сакаат модерен хотел во центарот на Lloret de Mar, блиску до плажа и ноќниот живот.