Локација: Хотелот се наоѓа во областа Ras Nasrani. Од центарот на Naama Bay е оддалечен 15км, а од аеродромот 8км.
Сoби: Хотелот има 248 соби. Сите соби се климатизирани и опремени со купатило, фен, сателитска телевизија,телефон, мини бар, балкон.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот има и a la carte ресторан со морски специјалитети, 3 барови, продавници за сувенири, салон за убавина, менувачница. Wi Fi конекцијата е бесплатна во хотелското лоби.
Спорт и забава: Гостите на располагање имаат 2 надворешни базени, СПА и фитнес центар, терени за тенис, одбојка, спортови на вода. Детски базен, мини клуб и целодневна анимација е достапна за најмладите.
Плажа: Хотелот има сопствена приватна песочна плажа.