Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Beach Albatros Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот е дел од познатиот ланец на хотели Pickalbatros, зафаќа површина од 123.000 m2 низ прекрасно уредени градини и базени. Се наоѓа на сопствена песочна плажа, со мал корален гребен, веднаш до хотелот Албатрос Палас од истиот синџир, во јужниот дел на Хургада. 12 км од Сакала, 7 км од Мемша и 10 км од аеродромот

Плажа: Хотелот има своја преубава песочна плажа.  На плажата има мал дел со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел од плажата е песок. Влезот во вода  постепен и пријатен и во овој дел нема изразени плими и осеки. Чадори, лежалки и пешкири се бесплатни за гостите на хотелот на плажа.

Сместување: Хотелот располага со вкупно 678 соби и сите имаат балкон или тераса, бања со туш кабина, фен, сателитска LCD телевизор, клима, мини бар, сеф. Стандардните соби се со големина од околу 24 м2, а стандардните соби со поглед на море се наоѓаат во главната зграда.

Содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот  има 5 a la carte ресторани (L'Asiatique, Alfredo, Si Omar, Salsa и Zum Kaiser), 9 тематски барови (Club MC, Dolce Vita Lounge Bar, Mocha Bar, Cinderella Bar, Cappuccino Бар, Columbus Cafe, Jazz Bar, COOEE Bistro и Red Sky Bar), wi-fi низ целиот хотел, менувачница, неколку продавници, изнајмување автомобили, салон за убавина и услуга за перење и пеглање.
Albatros Beach Resort има 8 надворешни базени за возрасни (од кои 5 се за деца), детски базен (во текот на зимската сезона, 5 базени за возрасни и детски базен се загреваат), лизгалки за возрасни и за деца, џакузи на отворено само за возрасни, пинг понг, билијард, 2 тениски игралишта, кошаркарско игралиште, теретана, пинг понг, одбојка на плажа, мини-фудбал, мини-голф, ватерполо, аеробик, боче, пикадо, разни спортови на вода , центар за нуркање и анимација (ден и навечер). Гостите можат да се релаксираат и во спа-зоната, која вклучува џакузи, сауна, турски и парни бањи, како и соби за масажа и разни третмани. Мини клуб и игралиште со анимација за најмладите гости.