Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Asrin Beach
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Asrin Beach Hotel се наоѓа во регијата Турклер, во близина на Алања, на околу 22 км од центарот на Алања и околу 90 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е изграден во 1997 година, а последен пат делумно е реновиран во 2018 година. Се простира на површина од околу 9.000 м² и се состои од една главна зграда со 6 ката.

Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 250 сместувачки единици. Стандардните соби се наменети за сместување на две или три лица. Сите соби се опремени со клима уред, SAT LCD телевизор, мини бар, кетлер, фен за коса и сеф. Room service, телефон и користење на сефот се достапни со доплата.

Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на All Inclusive концепт. Исхраната се организира на база на самопослужување во главниот ресторан и вклучува доручек, касен доручек, ручек, ужина, вечера и полноќна супа. Во концептот се вклучени локални алкохолни и безалкохолни пијалаци за време на оброците и во барот покрај базенот, како и топли напитоци и колачи во одредени термини во текот на денот. Барот на плажа е достапен за гостите во текот на денот.

Хотелски содржини:
На располагање се главен ресторан, à la carte ресторан на плажа, како и неколку барови во рамки на хотелскиот комплекс. Хотелот нуди отворен базен, базен за деца и базен со тобогани. Достапни се Wi-Fi интернет, дневни и вечерни анимации, како и тематски турски вечери.

Плажа:
Хотелот има сопствена песочно-шљунковита плажа, до која се пристапува преку подземен премин под улица. Користењето на лежалки, сундобрани и душеци е бесплатно за гостите, додека пешкирите за плажа се со доплата.

Спорт и забава:
Гостите можат да уживаат во активности како стоно тенис, одбојка на плажа, боќање, степ аеробик и аква гимнастика. Во текот на денот и навечер се организираат анимациски програми и забави.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат спортови на вода, пешкири за плажа, чување деца, room service, телефон и сеф, како и други услуги надвор од All Inclusive концептот.