Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Asia Beach Resort Hotel & Spa
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Asia Beach Resort & Spa се наоѓа во регијата Оба, на околу 3 км од центарот на Аланија и приближно 130 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е сместен спроти плажата, до која се пристапува преку подземен тунел. Во непосредна близина има продавници, барови и ресторани, како и автобуска станица на околу 100 метри. Отворен е во 2016 година, се простира на седум ката и располага со пет лифта.

Соби и сместување:
Собите се модерно уредени и опремени со централен клима-уред, SAT TV, мини бар, сеф, телефон, бесплатен Wi-Fi интернет, купатило и фен. Дел од собите имаат балкон, додека останатите се без балкон.

Услуга / Исхрана:
Хотелот нуди Ultra All Inclusive услуга – самопослужување со богат избор на јадења. Во концептот се вклучени доручек, касен доручек, ручек, ужина, вечера, касна вечера, како и кафе, чај и колачи. Достапни се локални алкохолни и безалкохолни пијалаци според хотелските термини.

Хотелски содржини:
На располагање се рецепција, лоби, главен ресторан, два a la carte ресторани (со резервација), шест барови, посластичарница, диетално и детско мени. Хотелот има отворен базен за возрасни и деца, затворен базен, воден тобоган, фитнес центар, како и спа центар со турско купатило, сауна и парна бања. Бесплатен Wi-Fi интернет е достапен во собите и заедничките простории. За најмладите гости обезбедени се мини клуб (4–12 години), детско игралиште и дневна и вечерна анимација.

Плажа:
Хотелот располага со приватна песочно-камчеста плажа, лоцирана спроти хотелот, до која се стигнува преку специјално изграден тунел. Влезот во морето е камчест со делови со песочни плочи, а за полесен пристап има и понтон. Лежалките, чадорите и пешкирите за плажа се бесплатни, како и барот на плажа.

Спорт и забава:
Гостите можат да уживаат во фитнес, аеробик, аква-аеробик, ватерполо и пикадо. Во текот на денот и навечер се организираат анимациски програми, а за децата има посебни активности и забави.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат увозни и премиум пијалаци, специјални вина, флаширани и лименки пијалаци, коктели, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови и турско кафе. Дополнително се наплаќаат a la carte рестораните, лоби барот, пијалаците во дискотеката, спортовите на вода, билијард, масажи, салон за убавина, третмани за лице и тело, перење алишта, чување деца, фризер, менувачница, продавници, доктор на повик, мини маркет, фотограф, телефон/факс и собна услуга.