Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Asdem Park
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Хотелот се наоѓа во самиот центар на Кемер, на околу 100 метри од плажата. Од аеродромот во Анталија е оддалечен приближно 55 км.

Соби и сместување:
Хотелот располага со вкупно 171 сместувачка единица, од кои 111 се стандардни двокреветни соби и 60 се семејни соби. Сместувањето е организирано во две згради со по четири ката и лифт. Сите соби се опремени со фен, телефон, SAT TV, клима уред, мини бар (со доплата), сеф (со доплата) и балкон. Стандардните соби имаат туш и WC, додека семејните соби располагаат со мала када и WC.

Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на All Inclusive концепт – „сè вклучено“, со самопослужување. Во услугата се вклучени доручек, ручек и вечера, како и ужини, кафе, чај, колачи и торти. Достапни се и домашни безалкохолни и алкохолни пијалаци според хотелските термини.

Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање ресторан, бар покрај базенот, бар со тераса, кафуле, тераса за сончање, отворен базен, детски базен, плажа со лежалки и чадори за сонце, безжичен Wi-Fi интернет, стони тенис, фитнес сала и шах.

Плажа:
Плажата се наоѓа на околу 100 метри од хотелот и е опремена со лежалки и чадори за сонце.

Спорт и забава:
Гостите можат да користат стони тенис, фитнес сала и рекреативни активности во рамки на хотелот, како и релаксација покрај базенот и на плажа.

Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат турско купатило, сауна, масажи, сите увозни пијалаци, витамински бар, пешкири за плажа, билијард и сладолед.