Локација:
Ares Dream Hotel се наоѓа во центарот на Кемер, на околу 50 км од аеродромот во Анталија. Одличен избор за гости кои сакаат близина до градските содржини, шеталишта и локален ноќен живот.
Сместување:
Хотелот располага со вкупно 88 сместувачки единици, распоредени во два блока.
Сите соби се стандардни, со површина од околу 24 м² (макс. 2+2 лица). Опрема во собите: купатило со туш кабина, фен за коса, split клима уред, директна телефонска линија, мини бар (празен), сеф (со доплата), SAT TV со музички канали и балкон или тераса.
Услуга:
All Inclusive – „сè вклучено“, на база на самопослужување (шведска маса) - појадок, доцна појадок, ручек, попладневна ужина (чај и колачи) и вечера. Вклучени пијалаци до 22:00 часот - домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци (пиво, вино, вотка, џин).
Не е вклучено во AI концептот: Сите увозни пијалаци, флаширани пијалаци, турско кафе, собна услуга, свежо цедени сокови, пијалаци во дискотека, како и сета храна и пијалаци по 22:00 часот и сета храна и пијалаци на плажа.
Хотелски содржини:
Главен ресторан на база на отворен буфе (шведска маса), лобби бар и бар покрај базен.
Со доплата според хотелските правила: лекарска услуга (по повик), телефон, факс, интернет, услуга за перење и пеглање алишта, фризер, чување деца. Wi-Fi интернет – со доплата.
Плажа:
Хотелската песочно-камчеста плажа се наоѓа на околу 350 м од хотелот.
Лежалки, чадори и пешкири на плажа се со доплата, додека лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни.
Спорт и забава:
Отворен базен за возрасни со дел за деца, воден тобоган, пинг-понг, гимнастика, турско купатило и сауна. Во текот на денот и навечер се организира забавна програма покрај базенот, а за најмладите има мини клуб и детска играчница.
Со доплата: спортови на вода, масажи и парна бања.