Локација:
Hotel Ares Blue се наоѓа во регионот Кириш, на околу 7 км од центарот на Кемер и приближно 55 км од аеродромот во Анталија.
Сместување:
Хотелот располага со вкупно 130 сместувачки единици, распоредени во два блока. Сите соби се стандардни (околу 25 м², спална соба и купатило, макс. 2+2 лица). Собите се опремени со: купатило со туш, фен за коса, split клима уред, директна телефонска линија, мини бар (празен, со доплата), сеф, керамички под, SAT TV со музички канали и балкон или тераса.
Услуга / Исхрана:
All Inclusive – „сè вклучено“, на база на самопослужување (шведска маса) - појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина (чај и колачи) и вечера. Домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци се вклучени до 22:00 часот. Во рамки на барот на плажа, бесплатно се служат само флаширана вода и сокови.
Не е вклучено во AI концептот: Увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, пиво, турско кафе, собна услуга, свежо цедени сокови, пијалаци во дискотека, како и храна и пијалаци по 22:00 часот и целокупната понуда на плажа надвор од наведеното.
Хотелски содржини:
Главен ресторан на база на шведска маса, лоби бар и бар покрај базенот.
Со доплата според хотелски правила: лекарска услуга (по повик), телефон, факс, интернет, перење и пеглање алишта, фризер, чување деца, Wi-Fi интернет..
Плажа:
Хотелската плажа е песочно-камчеста, оддалечена околу 200 м од хотелот. Лежалки и чадори се бесплатни, а пешкирите за плажа се со доплата.
Спорт и забава:
Отворен базен за возрасни со дел за деца, воден тобоган, пинг-понг, утринска гимнастика, турска бања и сауна. Во текот на денот и навечер се организира анимациска програма покрај базенот. За најмладите - мини клуб и детска игротека.
Со доплата: спортови на вода, масажи и парна бања.