Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Annabella Park Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
Hotel Annabella Park 4★ се наоѓа во регионот Инчекум, на околу 20 км од Аланија и приближно 100 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е сместен преку главниот пат, во близина на Annabella Diamond Hotel, а до плажата се пристапува преку подземен тунел. Претставува солиден избор за летување во Аланија.

Хотелски содржини:
Хотелот располага со главен ресторан на база на отворен бифе, барови покрај базен и во рамки на комплексот, како и диско клуб. Дел од содржините и активностите се користат во Annabella Diamond Hotel, вклучително анимација, вечерни шоу програми и дел од забавните активности. Wi-Fi интернет е бесплатен во лобито.

Плажа:
Хотелската песочна плажа е оддалечена околу 300 м од хотелската зграда. Користењето на лежалки и чадори е бесплатно, додека пешкирите за плажа се добиваат со депозит. До плажата се стигнува преку тунел под патот.

Сместување:
Hotel Annabella Park располага со вкупно 95 сместувачки единици:
– Стандардни соби (околу 18 м², макс. 2+1 лице)
Сите соби се опремени со купатило со када и фен, split клима уред, сеф (со доплата), мини-бар (вода и безалкохолни пијалаци при пристигнување, потоа секојдневно се дополнува само вода), кетлер со сет за чај и кафе, SAT TV со музички канали, ламинат и балкон.

Услуга:
All Inclusive – „ултра сè вклучено“ концепт на база на самопослужување (шведска маса): појадок, доцна појадок, ручек и вечера, попладневна и доцна ноќна ужина, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 00:00 часот.
Во понудата е вклучено и користење на à la carte ресторан еднаш за време на престојот, со претходна резервација, во Annabella Diamond Hotel.
Со доплата: Сите увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени овошни сокови и собна услуга.

Спорт и забава:
Надворешни и затворени базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, гимнастика, одбојка на плажа, пинг-понг – сите овие содржини се користат во Annabella Diamond Hotel.
Во текот на денот се организираат забавни активности, а навечер шоу програми. За децата е достапен мини-клуб (4–12 години), исто така во Annabella Diamond Hotel.

Услуги и активности со доплата:
Спортови на вода, масажи, билијард, лекарски услуги, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар и rent-a-car.

Напомена:
Гостите сместени во Annabella Park Hotel немаат пристап до главниот ресторан на Annabella Diamond Hotel, но можат да ги користат: лоби бар, snack бар, à la carte ресторани, SPA центар, базени, плажа, диско, мини-клуб, анимации, тобогани, турска бања и сауна.
Хотелот го задржува правото на измена на содржините во текот на сезоната, без претходна најава.